Влезни фактури и набавки
Важноста на овој дел од целината е што тој овозможува детално следење и менаџирање со трошоците од влезните фактури на фирмата. Фактурите со прием на роба се базираат врз веќе направени документи (приемници) од магацин, и врз основа на нив и останатите трошоци се калкулира влезна цена на артиклите кои се купуваат од добавувачи. Во делот на Комерција се внесуваат трошковните фактури на фирмата, односно разни влезни фактури кои не се поврзани со прием на роба. При внес на трошковните фактури истите автоматски се книжат во налози во финансово, додека за фактурите поврзани со прием на роба исто така има автоматско книжење кое се прави дополнително по внесот на самата фактура. Основните принципи на работа на модулот се:
- Внесување на влезните фактури (фактури со прием на роба); - Поврзување со приемници од магацин и преземање на ставки од истите; - Автоматско распоредување на вредноста на трошоците по артиклите и формирање на набавна цена внесување на трошковни фактури (фактури без прием на роба); - Можност за корекција во неколку основни табели од базата во кои самиот корисник може да внесува или корегира по потреба податоци од типот на курсна листа, типови на трошоци, видови калкулации и сл.; - Прегледи кои овозможуваат основен увид во евиденцијата на различните типови влезни фактури, како и категоризација на трошочните елементи од влезните фактури и распоредување на трошоците по ОЕ. |