Влезни фактури
Овој модул претставува евиденција на излезните фактури, односно на фактури за купувачи. Опфаќа дефинирање и внесување на различни видови на излезни фактури според потребата на корисникот. Модулот работи врз следните принципи:
- Генерирање на фактури од материјални документи (испратници), при што автоматски се преземаат ставките од една или повеќе испратници; - Генерирање на фактури за услуга; - Пристап до табела со која корисникот сам ги дефинира типовите фактури со кои работи фирмата; - Можност за автоматско книжење на фактурите во соодветни налози во финансовото книговодство; - Можност за различни формати на печатење на фактурите, дефинирано според барањата на корисникот; - Генерирање на Книжни ноти (одобренија и задолженија) по основ на рекламации - повратници, грешки во фактурирање или одобрени рабати за остварен промет; - Низа на различни прегледи за анализа на фактурите (евиденција на фактури – динамичен преглед со можност за групирање на некои податоци, преглед на фактури по партнери, артикли или по данок, како и преглед на нефактурирани испратници). |