Магацинско и материјално Како модул кој ги обединува останатите во една целина, финансовото книговодство е она кое ќе ви даде целосна слика за состојбата на Вашата компанија. Тука се сублимирани податоците внесени преку останатите модули, а мноштвото извештаи Ви овозможуваат во секој момент да имате пристап до сите оперативни податоци. Работата на модулот се заснова врз следните принципи:
- Книжења организирани во финансови налози од различен тип и извештаи поврзани со истите; - Внесен основен контен план, кој додатно многу лесно може да се прилагоди на потребите на фирмата бидејќи е флексибилен и толерира променлива аналитика; - Внесување и преглед на партнери со кои соработува фирмата; - Дневник на книжење од кој се добиваат детални анализи од типот на аналитичка картица на конто, обврски, побарувања, евиденција на ДДВ, девизен промет, салдо по шифра и сл.; - Останати прегледи по разни критериуми: на ниво на претпријатие или по организациони единици, по период, по класи, групи или конта, по аналитичко конто, заклучен лист, бруто биланс и отворени ставки; - Автоматско генерирање на почетната состојба по салда и по ИОС-и на почетокот на секоја календарска година, со што се затвора претходната финансова година, а заклучните финансови податоци се префрлуваат во соодветен налог од новата календарска година. |