Основни средства
Овој модул содржи неколку процеси за пресметка на амортизација на основните средства во фирмата, што овозможува детална материјална и сметководствена евиденција на основните средства. Амортизацијата се пресметува со точност до месец. Модулот опфаќа:
- Внесување на основни податоци за секое средство (амортизациона група, набавна цена, дата на изработка, дата на користење, предходна амортизација, локација, статус, како и датата на барање и прием); - Со користење на соодветни амортизациони стапки, се врши пресметка на амортизацијата, ревалоризации, отписи на основни средства; - Следење на физичкото движење на средствата; - Архивирање на претходна завршена и проверена пресметка; - Пристап и можност за измени во табели за основни средства, локација на артикал, статус на артикал и сл.; - Мноштво од прегледи на ниво на фирма или по работни единици (општи списоци, список по години, аналитичка картица, пописна листа, периодична амортизација, како и многу други). |