Пресметка на плата
Ова е модул за евиденција на платите на вработените во фирмата согласно законските обврски. Со него се изработува и фајлот кој се предава во ПИОМ. Принципи на работа:
- Eвиденција на сите компоненти за дефинирање нето плата - дефинирање на бодови, работа во празници, ноќна работа, прекувремена работа, оправдани и неоправдани отсуства, награди, казни, боледувања и сл.; - Пресметка на даноци и придонеси, периодични рекапитулари, ПДД-МП; - Можност за внесување или правење измени кај вработени, работни единици, општини, фирми и сл.; - Дефинирање на соодветни за фирмата кредитори, кредити, начин на исплата, проценти и сл.; - Евиденција по штедни и тековни сметки во банки; - Мноштво прегледи (исплатна картица, рекапитулација по сектори, платен список, месечен извештај, кредити по кредитори, вкупен годишен извештај, потврда, картица вработен, доплата на вработување, ПИО, здравство, како и многу други); - Можност за замена на ставка кај сите вработени, генерирање на МПИН фајл, како и промена на тековните податоци за платата. |